Дома Топ вести Еуфорија во Торино – пристигна Бернардески (видео)

Еуфорија во Торино – пристигна Бернардески (видео)

Новото засилување на Јувентус, Федерико Бернардески пристигна во Торино и еуфорично беше пречекан од фановите на „старата дама“.

Италијанскиот репрезентативец денес треба да ги помине медицинските прегледи и официјално да стане нов играч на Јувентус, а потоа ќе му се придружи на остатокот од тимот во САД.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бернардески доаѓа од Фиорентина во трансфер вреден 40 милиони евра плус бонуси, а медиумите тврдат дека ќе биде новата „десетка“ на Јувентус.

23 годишниот фудбалер важи за еден од најталентираните на Апенините, може да игра на повеќе позиции во офанзивата, па сигурно ќе биде големо засилување за „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…