Дома Фудбал Репрезентации Естебан Камбијасо патува на Мундијалот во Русија!

Естебан Камбијасо патува на Мундијалот во Русија!

Естебан Камбијасо ќе има нова улога на Мундијалот во Русија.

Легендарниот Аргентинец и поранешен фудбалер на Интер, Естебан Камбијасо ќе биде дел од Мундијалот кој ова лето ќе сигра во Русија.

Секако, не како играч.

Камбијасо патува во Русија како помошник на селекторот на Колумбија, Хозе Пакерман!

Фудбалската кариера Камбијасо ја заврши минатата година во Олимпијакос, а сега ќе започне и тренерска кариера.

Пакерман беше и селектор на Аргентина на Мундијалот во 2006 година кога Камбијасо беше дел од репрезентацијата на „Гаучосите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Зерби не попушта: Најдобриот стрелец на Тотенхем нема да игра ниту во купот!

Тотенхем нема победа во првите четири кола од Премиер лигата, а сè уште немаат постигнато …