Дома Трансфер зона Енцо му кажал „да“ на Челзи!

Енцо му кажал „да“ на Челзи!

Maнчестер Јунајтед и Ливерпул први тргнаа по потписот на Енцо Фернандес, но потоа во игра влезе Челзи и според последните информации ја доби битката за новиот светски шампион.

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека аргентинскиот играч за врска постигнал договор со тимот од „Стенфорд Бриџ“. Она што преостанува е да се договорат Бенфика и Челзи околу висината на оштета.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, 21-годишникот има договор со Бенфика до 2027 година, но и откупна клазула во која би бил слбооден за 120 милиони евра. Според информациите Челзи сака да ја плати оваа сума на рати, спремни и се и да платат нешто повеќе за да добијат таква опција од португалскиот гигант.

Во редовите на Бенфика Енцо пристигна ова лето од Ривер Плата за 12 милиони евра и сега клубот има одлична можност добро да заработи.

ВРЕДИ ЛИ ЕНЦО 120-130 МИЛИОНИ ЕВРА?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…