Дома Фудбал Англија Емери соопшти лоши вести: Сезоната за него можеби е завршена

Емери соопшти лоши вести: Сезоната за него можеби е завршена

Манчестер Јунајтед вчера го пречека Арсенал во големото дерби во Премиер лигата во кое на крајот немаше победник, натпреварот заврши 2:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На оваа средба уште во првото полувреме после дуелот со Маркус Рашфорд теренот мораше да го напушти младиот стопер на Арсенал, Роб Холдинг.

Ова беше тежок удар за „топџиите“ бидејќи 23 годишниот англиски дефанзивец под водство на Емери игра одлично оваа сезона.

После натпреварот Емери пренесе лоши вести за навивачите на Арсенал. Имено, поради повредата Холдинг би можел да ја заврши сезоната.

„Докторите сметаат дека во прашање е тешка повреда, можеби за него сезоната е завршена. Сепак, да ги почекаме резултатите од анализата“, изјави Емери.

На „Олд Трафорд“ се повреди и Арон Рамзи, но Емери потврди дека Велшанецот нема посериозна повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …