Дома Останати Тенис Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Мајами од Бугаринот, Григор Димитров.

Алкараз важеше за прв фаворит на турнирот бидејќи Ѓоковиќ одлучи да не настапи во Мајами, а со елиминацијата во четвртфиналето ќе загуби нови бодови на АТП листата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во претходната сезона Алкараз во Мајами играше полуфинале, па така бидејќи сега настапот го заврши една фаза претходно ќе загуби 160 поени. Ѓоковиќ така ќе ја зголеми предноста и ќе има 1.080 повеќе од Алкараз.

Јаник Синер кој игра во одлична форма од почетокот на 2024 година ако го освои турнирот ќе се доближи до Шпанецот на само 135 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисерки подобри од Косово

Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја остварија и втората победа во …