Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд воодушевен од партијата на Барселона во „Ел Класико“ наводно одлучил да се пресели во каталонскиот гигант.
Иднината на 21-годишниот голгетер и понатаму е неизвесна, а вчера се покави информација дека ја одбил богата понуда од Манчестер Сити и сака да се пресели во Шпанија.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Халанд нема да се води според парите при изборот на нов клуб, па во моментов треба да избере помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
Норвежанецот наводно бил воодушевен од Барселона во „Ел Класико“ и му соопштил на својот агент дека сака да се пресели на „Камп Ноу“.
Меѓутоа, претседателот на Барселона, Лапорта неодамна ја отфрли можноста доведување на така скапо засилување ова лето.