Како што пренесува каталонски „Спорт“, шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 24 годишен десен бек оваа сезона има 16 настапи за Ајакс во сите натпреварувања, а има и четири гола, како и три асистенции.




Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а тоа го прави интересен за многу европски гиганти.
Сепак, „Спорт“ пренесува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Реал Мадрид и Барселона, кои сакаат да го донесат уште во јануари.




Барселона го следи веќе подолго време десниот бек, но сега во траката за неговиот потпис се приклучи и Реал Мадрид.