Дома Фудбал Останато Еден од најславните бразилски клубови експресно се врати помеѓу најдобрите

Еден од најславните бразилски клубови експресно се врати помеѓу најдобрите

Реномираниот бразилски клуб Сантос експресно го обезбеди враќањето во бразилската Серија А по само една сезона помината во второлигашкото друштво.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На две кола пред крајот Сантос е на врвот во втората лига и веќе математички не може да падне под четвртата позиција. Најдобрите четири екипи од бразилската Серија Б обезбедуваат влез во Серија А, а Сантос е блиску и да ја обезбеди титулата бидејќи на две кола пред крајот има пет бода предност.

Во својата историја Сантос има осум титули шампион на Бразил и на оваа вечна листа е втор. Повеќе освои само Палмеирас кој 12 пати беше шампион. Најмногу титули Сантос освои со славниот Пеле кога пет пати по ред беше шампион (1961-1965). Потоа освојуваше уште титули во 1968, 2002 и 2004 година.

Пеле беше прва голема ѕвезда на Сантос, но подоцна во овој клуб настапуваа имиња како Робињо и Нејмар, па и Родриго кој сега го носи дресот на Реал Мадрид. Сантос е единствениот бразилски клуб за кој играше Нејмар пред доаѓањето во Европа и за овој клуб постигна 107 првенствени голови на 177 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати се 23 екипи за новата сезона на Лигата на шампионите

Сезоната во елитниот европски фудбал се привршува и во моментов се познати имињата на 23 к…