Лионел Меси во јануарскиот преоден рок би можел да ја напушти Барселона! Ова е веста која утрово ја објавија шпанските и англиските медиуми и која како „бомба“ одекна во целиот свет.
Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Манчестер Сити е спремен да понуди неверојатни 400 милиони евра за да добие потписот на Лионел Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тешко е да се процени дали оваа вест има реална основа или станува збор за шпекулација, но ја пренесоа сите најугледни медиуми во Европа. Дополнителен сомнеж остава фактот што Меси и понатаму официјално го нема продолжено договорот со каталонскиот клуб, иако од Барса тврдат дека „се е договорено и се чека само погоден момент“.
Меси е во исклучителна форма од почетокот на сезоната и практично сам ја „држи“ Барселона. Познато е дека Пеп Гвардиола сака повторно да соработува со Аргнетинецот и наводно е во постојан контакт со него.
Неверојано звучи тврдењето на медиумите дека двајцата повторно можат да работат заедно во Манчестер Сити и тоа уште во јануари.
Останува да видиме каков ќе биде расплетот, но каде што има чад има и оган…