Една од главните теми во англискиот фудбал по вчерашните натпревари е македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алиоски по ударот од Пепе со глава падна на земја, а главниот судија по прегледувањето на ВАР снимката го исклучок фудбалерот на Арсенал (ситуацијата погледнете ја тука). Оваа ситуација ја коментираше и легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Патрис Евра.
„Мислам дека Алиоски заслужи оскар за глума за тоа како падна. Падна како Пепе да му го скрши носот. Пепе сега треба да им се извини на соигачите за глупоста која ја направи со што го наруши балансот на тимот“, изјави Евра кој денес е анатлитичар во „Скај Спорт“.