Португалија ја совлада Словенија со 3:0 на пенали и се пласираше во четвртфиналето на ЕП. Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 0:0, како и дополнителните половина час игра. Португалците во четврт-финалето ќе играат против Франција која со 1:0 ја победи Белгија. Натпреварот е закажан за 5 јули од 21 часот и ќе се игра во Хамбург.
Зошто Кек доби црвен картон?
Селекторот на словенечката репрезентација Матјаж Кек (62) доби директен црвен картон пред почетокот на второто продолжение, а телевизискиот пренос не покажа јасна причина зошто италијанскиот судија Даниеле Орсато го испрати на трибината, каде Кек го гледаше натпреварот до крај. Причината поради која Кек беше исклучен беше неговата реакција кон судијата по крајот на првото продолжение.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Орсат досуди пенал за Португалија во самиот финиш на првото продолжение, откако според него, словенечкиот стопер Вања Дркушиќ неправилно застана и го собори Диого Жота. Пеналот го изведе Кристијано Роналдо, а неговиот удар со брилијантна интервенција го спречи Јан Облак.
Откако беше досуден крајот на првото продолжение, Кек влезе длабоко во теренот и имаше жестока расправија со судијата и наводно во еден момент го допрел неговиот помошник по рамото. Не се знае што точно му рекол на судијата, но доволно било Орсат да му покаже директен црвен картон.