Лионел Меси пред пет години во „Ел Класико“ против Реал Мадрид во победата од 3:2 го постигна својот јубилеен 500-ти гол за Барселона, а сега тој дрес е продаден за скоро половина милион евра.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меси во 92. минута го постигна голот по кој имаше уникатна прослава која стана една од најпознатите во историјата на шпанскиот фудбал. Аргентинецот го соблече дресот и го држеше пред навивачите на „кралевите“.




Колекционерот кој го купил дресот за ова задоволство издвоил огромни 427.000 евра. „Најсветиот од сите свети гралови“, биле неговите зборови по завршувањето на аукцијата.