Дома Фудбал Италија Драма: Ди Натале мета на криминалци пред неговиот дом!

Драма: Ди Натале мета на криминалци пред неговиот дом!

Низ вистинска драма поминал легендарниот Антонио Ди Натале пред неговиот дом во близина на Емполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ди Натале заедно со своето семејство се враќал дома, а тогаш шестмина криминалци го нападнале. Според информациите од Италија, криминалците впериле пиштол во главата на Ди Натале.

Легендата на Серија А потоа им дала се што побарале од него, меѓу работите бил и неговиот часовник вреден 30.000 евра. Сето тоа се случувало пред очите на неговата сопруга и децата.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и за среќа никој не бил повреден. Не е првпат Ди Натале да биде мета на криминалци во неговиот дом, истото се случи и во 2012 година. Антонио Ди Натале е легенда на Удинезе, но и Емполи каде што ја започна кариерата.

За репрезентацијата на Италија одигра 42 натпревари и постигна 11 гола. Оваа година стана тренер и ја презема екипата на Караресе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната најголемата желба на Мурињо

Една од најголемите желби на Жозе Мурињо по враќањето во Реал Мадрид е ангажманот на Душан…