Во драматичен натпревар за петтата позиција на Европското првенство Норвешка го победи Исланд и така си обезбеди директен пласман на следното Светското првенство.
Норвешка подобро го отвори натпреварот, а на крајот се влезе во една крајно неизвесна завршница. Натпреварот беше решен буквално во последната секунда. На полувремето Норвежаните имаа предност од 12:16, сепак Исланд не се предаде и успеа да се врати во второто полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните минути Исланд дојде и до водство од еден гол разлика 27:26. Норвешка изедначи, а Исланѓаните имаа голема прилика да дојдат до победата. Јонсон во самата завршницан е успеа да ја погоди празната мрежа, па така остана 27:27 и се замина во продолженија.
🚨 EXTRA-TIME!@HSI_Iceland 🇮🇸 27:27 @NORhandball 🇳🇴 at the end of full-time#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/7wCYbSpMm0
— EHF EURO (@EHFEURO) January 28, 2022
Дополнителните пет минути донесоа изедначена игра во која се играше гол за гол се до самиот финиш. Тогаш Исланд не реализираше цепелин, а Раинкинг успеа да биде побрз од сирената и да погоди за конечни 33:34.
Најефикасен во натпреварот беше Магнусон со 10 г ола, Смарасон постигна осум, додека кај Норвешка се истакнаа Сагосен со осум и Раинкинг со шест.