Од Борусија Дортмунд нема да го продаваат Џејдон Санчо во зимскиот преоден рок, дури и ако пристигне понуда од Манчестер Јунајтед, тврди „Билд“.
Дортмунд во летниот трансфер период за слободата на Санчо бараше 120 милиони евра, но во јануари ќе ја одбие дури и таа сума ако пристигне понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот тврди дека „црвените ѓаволи“ ќе се обидат и во јануари да го донесат Санчо на „Олд Трафорд“, но „милионерите“ веќе донеле одлука да не ја продаваат својата ѕвезда на средина од сезоната.
Дортмунд претрпе големи загуби поради пандемијата со коронавирусот, но од клубот се убедени дека можат да ја добијат бараната сума за Санчо на крајот на оваа сезона, па дури очекуваат да вреди повеќе следното лето.
20-годишниот Англичанец се договори со Манчестер Јунајтед ова лето, но двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Manchester United may have to wait until summer 2021 if they want to make another move for Jadon Sancho, with Borussia Dortmund unwilling to sell in January https://t.co/JrIBPWduDu
— utdreport (@utdreport) October 14, 2020