Дома Останати Тенис Долгополов му „лежи“ на Ѓоковиќ: Новак до победа и перфектен скор против Украинецот

Долгополов му „лежи“ на Ѓоковиќ: Новак до победа и перфектен скор против Украинецот

djokovic

После поразот на турнирот во Мадрид од Британецот Едмунд, Ѓоковиќ одигра одличен меч против Долгополов.

Ѓоковиќ на стартот на турнирот во Рим стигна до убедлива победа од 6:1 и 6:3 против Александар Долгополов.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер на најновата АТП листа падна на 18-та позициција што беше негов најслаб пласман уште од окотомври 2006 година, но има притисок бидејќи доколку изгуби во раната фаза во Рим му се заканува испаѓање од топ 30.

До брејк Ѓоковиќ стигна на самиот старт од мечот, успеа Украинецот подоцна малку да се собере, но изгледа дека одлучувачкиот момент беше вториот брејк за 4:1. До крајот на сетот Новак стигна и до трет брејк за убедливи 6:1.

Во вториот сет видовме слична ситуација, Долгополов не успеавше да пронајде начин да му се спротистави на одличниот во овој меч Ѓоковиќ.

Треба да се истакне дека Новак против Долгополов има скор од 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Се било спремно за Надал да каже „збогум“, но во последен момент се случил пресврт

Директорката на Ролан Гарос и познатата поранешна тенисерка Амели Морезмо откри дека Рафае…