Дома Фудбал Италија Договорот на Буфон истекува, Јувентус донел одлука

Договорот на Буфон истекува, Јувентус донел одлука

Џанлуиџи Буфон (42) се наоѓа во групата фудбалери на кои договорите им истекуваат на крајот од јуни.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што пренесува реномираниот „Скај Спорт“ Буфон со професионален фудбал ќе се занимава уште една година затоа што Јувентус спрема нов договор за него.

Легендарниот италијански голман наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со „статата дама“ и неговиот потпис е само формалност.

Буфон во професионалниот фудбал дебитираше во 1995 година кога се уште го немаше прославено 18. роденден.

Со оглед дека Јувентус не испадна од Лигата на шампионите во август го чека реваншот од осминафиналето против Лион Буфон ќе има уште најмалку две шанси да го освои трофејот кој му недостасува. Поразен во финалињата беше во 2003, 2015 и 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …