Дома Фудбал Добри вести за Флик: Баерн комплетен ќе влезе во новата 2021

Добри вести за Флик: Баерн комплетен ќе влезе во новата 2021

Баерн Минхен е клуб кој не зависи од ниту еден фудбалер и победува во оваа 2020 година против секој тим.

Џошуа Кимих од наредната недела ќе продолжи со тренинзи и наскоро ќе се приклучи на екипата на заедничките тренизин. Ханс Флик на пресот после дуелот Унион Берлин зборуваше за Кимих, но и за Толисо кој исто така во овој момент е повреден.

„Толисо веќе тренира и ќе видиме како ќе реагира кога ќе има полн тренинг. Кимих закрепнува одлично и можеби веќе од наредната недела ќе биде дел од некои активности“, изјави Флик.

Ќе потсетиме, Кимих го оперираше коленото и закрепнува побрзо од очекувата. Првичниот план беше да се врати на терените кон крајот на јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вушковиќ меѓу осумтемина за наградата во Премиер лигата

Деветнаесетгодишниот дефанзивец на Брајтон е кандидат за играч на октомври, откако ги одиг…