Дома Фудбал Добри вести за Клоп: Тројца повредени се враќаат за дербито со Јунајтед

Добри вести за Клоп: Тројца повредени се враќаат за дербито со Јунајтед

Жоел Матип, Дејан Ловен и Фабињо, кој во последниот период пропуштија многу натпревари поради повреда, денес ги обновија тренинзите со остатокот од тимот на Ливерпул.

Медиумите на Островот тврдат дека има шанси тројцата да бидат спремни за неделното дерби против Манчестер Јунајтед, а тоа го потврди и менаџерот Јирген Клоп.

„Чекам кога лекарскиот тим ќе ми соопшти дека ќе можат да започнат со целосни тренинзи. Изгледа дека Жоел ќе биде спремен за дербито, и Фабињо исто така може да биде спремен за следниот меч. Дејан незнам,можеби и тој ќе биде спремен. Тоа значи дека ќе ни бидат од огромна помош. Оваа седмица е многу важна за нас“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џексон го сопре Сити: Астон Вила стави крај на победничката серија на лидерот!

Со два гола на Николас Џексон, Астон Вила го совлада Манчестер сити со 2:1 и му го нанесе …