Дома Топ вести Добри вести за Барселона, Гави конечно ја прифати понудата

Добри вести за Барселона, Гави конечно ја прифати понудата

Барселона конечно успеа да се договори со младата ѕвезда Гави и талентот наскоро ќе потпише нов договор, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона ја заголемила понудата и ги задоволила финансиските барањата на Гави, па се очекува играчот наскоро да стави потпис на нов договор.

Неговиот актуелен договор истекува во 2023 година и во него има откупна клазула од 50 милиони евра, сума која многу европски гиганти беа спремни да ја платат.

Во новиот договор ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра, со што Барселона ќе го „блиндира“ еден од своите најголеми таленти.

Гави во август ќе полни 18 години, но импресионираше со своите настапи минатата сезона и веќе е стандарден шпански репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…