Дома Македонски спорт Добри вести: Адеми ќе биде спремен за баражот со Италија!

Добри вести: Адеми ќе биде спремен за баражот со Италија!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој го повреди бутниот мускул многу веројатно ќе биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за плеј-офот со Италија во Палермо на 24. март.

Адеми се повреди пред една недела после еден судир со неговиот соиграч Јосип Мишиќ. Поради таа повреда Адеми го пропушти реваншот против Севиља во Лига Европа. Најавите се дека Адеми ќе паузира и оваа недела, со што ќе го пропушти дуелот со Шибеник, но ќе се врати за дербито со Хајдук на 12. март.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тоа значи дека ќе се врати навреме за баражот на Македонија против Италија. Адеми секако е важен дел од репрезентацијата, а ќе потсетиме дека за дуелот со Италија од средниот ред поради жолти картони веќе не можеме да сметаме на Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арне Слот потврди: Ќе бидам тренер на Ливерпул следната сезона

Ако имаше некакви дилеми, сега повеќе нема – Арне Слот ќе биде тренер на Ливерпул сл…