Дома Македонски спорт Мак ракомет Димитриоски од Битола се сели во Шпанија кај Писонеро

Димитриоски од Битола се сели во Шпанија кај Писонеро

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2 Димитар Димитриоски во новата сезона ќе игра во Шпанија во тимот на Ваљадолид.

Во Ваљадолид Димитриоски пристигнува по барање на Давид Писонеро со кого соработуваше додека двајцата беа во Вардар, токму затоа Писонеро сигурно добро ги познава квалитетите на макеоднскиот среден бек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Димитриоски во кариерата покрај Вардар и Еурофарм Пелистер 2 настапуваше уште за Металург со кој на почетокот на кариерата го освои Купот на Македонија.

„Станува збор за одличен ракометар со кого се запознав во Македонија, добиваме засилување кое може да покрива две позиции, среден бек и лево крило“, изјави Писонеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…