Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Вардар-Кјелце е ракометна класика

Дибиров: Вардар-Кјелце е ракометна класика

Ракометарите на Вардар утре го пречекуваат Кјелце во рамките на Лигата на шампиони.

Тимур Дибиров овој меч го нарече „ракометна класика“ и очекува тензичен и неизвесен натпревар.

„Натпреварите Вардар – Кјелце се ракометна класика. Секогаш се тензични, интересни, неизвесни. Очекувам така да биде и утрешниот. Полската екипа е една од најсилните и тешко е да се подготвиш за нив. Имаат одличен тренер и многу квалитетни играчи“.

„Ние ветуваме борба во текот на сите 60 минути. Верувам во нашата екипа. Без разлика со кого играме, на теренот излегуваме со самодоверба и желба за победа. Така ќе биде и на овој меч“, изјави Дибиров.

Натпреварот на програмата е утре од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…