Дома Фудбал Останато Дибала се соочува со суспензија од три месеци?

Дибала се соочува со суспензија од три месеци?

Аргентинецот од редовите на Рома, Паоло Дибала би можел да се соочи со суспензија од три месеци, објавија италијанските медиуми.

Причината поради која Дибала може да се соочи со казна е финансиската измама во Јувентус, односно примањето пари на црно. Дибала беше повикан на разговор од обвинителите за да одговори на прашањата за непријавените исплати.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во време на корона рестрикциите Дибала не се согласил да земе помалку пари, но се согласил да добие пари „под рака“. Информациите на обвинителството се дека на двапати на тој начин добил 1.9 милион евра.

Истражителите се сомневаат дека добил околу три милиони евра како компзација за Јувентус кој одлучил да не го продолжи договорот кој му истекувал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…