Хрватските медиуми стигнаа до нови детали со скандалот со препродажба на карти за што е обвинет најпознатиот коментатор во оваа земја, Драго Ќосиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, кординаторот на куќата Саша Дедиќ без знаење и дозвола од подредените во има на ХРТ побарал и добил 40 ВИП влезници за СП. По четири за полуфиналето и финалети и по шест за сите останати натпревари кои ги играла Хрватска.
Влезниците Дедиќ ги барал за коментаторот Драго Ќосиќ кој ги коментираше натпреварите на Хрватска. Потоа тој му ги дал на Ќосиќ, за на крајот тие да завршат на „црниот пазар“.
Цената за овие карти воопшто не била ниска и за нив се барала неверојатни 18.500 евра!?
На денот на финалето Европската унија за јавни телевизии јавила дека на руските оналјан страни се забележани четири ВИП карти за финалето и се нудат за наведиот нос. ФИФА веднаш ги блокирала влезници кои илегално се препродавале за со нив да не може да се влезе на стадионот.
Истовремено ФИФА ја известила унијата дека влезниците припаѓаат на нејзина членка и барала одговор како тие се нашле на црниот пазар.
Тоа се случило така што влезнциите кои ФИФА ги дала на унијата за ХРТ, без знаење на ХРТ и по барање на Дедиќ кој пак ги барал за Ќосиќ. Маневрот кој го извеле бил успешен, па заработиле вистиснко богаство.