Легендарниот фудбалер на Јувентус Алесандро Дел Пјеро даде свое мислење за евентуалното доаѓање на Пеп Гвардиола на клупата на „старата дама“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Легендарниот Италијанец тврди дека доаѓањето на Гвардиола би било вистински потег за неговиот поранешен клуб.
Гвардиола се поврзува со неколку клубови, но се чини дека е најблиску до Јувентус ако го напушти Сити.
„Гвардиола е одличен избор за секој клуб поради се што постигна како тренер. Тој освои титули во Шпанија, Германија и Англија и сега му остана уште титулите во Италија и Франција. За него би било интересно да дојде во Италија. Ова ќе биде жешко лето за фудбалот“, истакна Дел Пјеро.
„Ако дојде во Јувентус, тогаш клубот ќе направи голем скок. Но, сега е се уште во Манчестер Сити и рано е да се зборува за тоа. Се надевам дека сите тие шпекулации се барем малку вистинити“, додаде Италијанецот.