Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Нека дојде Инсиње и во лице нека ми каже дека сака да си оди

Де Лаурентис: Нека дојде Инсиње и во лице нека ми каже дека сака да си оди

Лоренцо Инсиње после долги години ова лето се поврзува со заминување од Наполи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во италијанските медиуми се пишува дека Инсиње има желба да направи исчекор во кариерата и да премине во некој поголем европски клуб.

Ваквите информации стигнаа и до првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој даде коментар на оваа тема.

„Тој е наше момце, производ на нашата фудбалска школа. Ако дојде и ми каже во лице дека не сака да игра во Наполи, нема да му правам проблем. Ние секако дека сакаме да го задржиме, а ако замине тоа ќе биде исклучиво негова одлука, не на клубот“, потенцираше Де Лаурентис.

Инсиње во овој момент е со Италија на Европското првенство каде што денес го чека полуфиналето против Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Американските хотели го обвинија Инфантино дека лаже: Имаме дури и помалку резервации!

ФИФА го најави Светското првенство како голем економски подем за Соединетите Американски Д…