Дома Фудбал Италија Де Лаурентис има нов фаворит за тренер на Наполи

Де Лаурентис има нов фаворит за тренер на Наполи

Ремито на Наполи со Фросиноне е уште еден болен резултат во лошата сезона на минатогодишниот шампион. Првиот човек, Аурелио де Лаурентис веќе е во потрага по нов тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како нова сериозна опција се појави, Џанпјеро Гасперини, кој е во конкуренција на Антонио Конте, Стеан Пиоли и Винченцо Италијано, пишува „Коријере дело спорт“.

Гасперини во својата кариера два пати беше на клупата на Кротоне, Џенова и Палермо, накратко го водеше Интер во 2011 година, додека на клупата на Аталанта е од 2016 година.

Антонио Конте е првата желба, веќе баран во октомври. Тој и Гасперини се одликуваат со тактиката со тројца во одбраната. Винченцо Италијано и Стефано Пиоли го форсираат системот со квартет позади, што ги прави поразлични.

Како и да е останува наредниот период да видиме за што ќе се одлучи Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Што се случува? Сите натпревари досега на Мундијалот доцнеа!

По долгите 28 години чекање за настап на нивната репрезентација на Светското првенство, шк…