Дома Трансфер зона Де Геа од лето повеќе нема да биде голман на Манчестер Јунајтед?

Де Геа од лето повеќе нема да биде голман на Манчестер Јунајтед?

Aко им веруваме на англиските медиуми, Давид Де Геа од лето нема да биде голман на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот чувар на мрежата на крајот од сезоната изгледа ќе го напушти Јунајтед. Клубот наводно одлучил Дин Хендерсон да биде прв голман, а тешко дека Шпанецот ќе ја прифати позицијата на резервен чувар на мрежата.

Она што сега создава проблем е неговиот договор. Платата од 20 милиони евра годишно која ја добива во Јунајтед тешко дека може да му ја даде друг клуб, Де Геа е далеку најскап голман во светот.
Во редовите на Јунајтед Де Геа дојде пред 10 години од Атлетико претходно често се поврзуваше со Реал Мадрид, сепак остана лојален на „црвените ѓаволи“.

Според информациите Јунајтед е спремен да му плати оштета за раскинувањето на дтоворот како што претходно клубот го направи тоа со Алексис Санчез. Санчез за да го раскине договорот од Јунајтед доби 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…