Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Геа би можел да си замине на крајот на сезоната целосно бесплатно затоа што му завршува договорот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пишуваат дека Де Геа не е блиску до продолжување на соработката, а причина за тоа е одлуката на „ѓаволите“ да му го продолжат договорот на само една година.




Де Геа нема да прифати едногодишен договор и затоа планира среќата да си ја побара на друго место, а со негово заминување ќе се ослободи и дел од буџетот, зашто голманот заработува 300.000 фунти неделно.




Засега нема конечна одлука од Јунајтед, но најверојатно меѓу стативите на тимот од Манчестер ќе застане Џордан Пикфорд од Евертон.