Дома Топ вести Де Геа ги постави условите, Јунајтед се двоуми, ПСЖ чека!

Де Геа ги постави условите, Јунајтед се двоуми, ПСЖ чека!

Давид де Геа е спремен да потпише нов долгорочен договор со Манчестер Јунајтед, но само доколку клубот ги прифати неговите финансиски барања.

Имено, шпанскиот голман бара плата од 300.000 фунти неделно. Тоа е значително зголемување на платата со оглед на фактот дека Де Геа во моментов заработува 200.000 фунти неделно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Геа има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на следната сезона, откако Јунајтед неодамна ја активираше клаузулата и автоматски му го договорот за нови 12 месеци.

Преговорите помеѓу двете страни се во тек веќе подолг период, но, истите, барем засега не вродија со плод. Останува да видиме дали Јунајтед ќе ги задоволи финансиските барања на голманот.

Шпанецот и неговиот агент бараат 300.000 фунти неделна плата што ќе биде повеќе од заработките на фудбалери како Пол Погба, Алексис Санчез и Месут Озил.

Новиот договор на Давид Де Геа е приоритет за екипата на Манчестер Јунајтед, но од „Олд Трафорд“ не се спремни да му понудат толку голема плата. 28-годишниот голман е еден од најдобрите во светот и сака да остане во Премиер лигата, но сепак ќе треба барем малку да ги намали барањата.

Лоша вест за „црвените ѓаволи“ е што ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да ги задоволи финансиските барања на Де Геа.

Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …