Манчестер Јунајтед ја искористи шансата на оригинален начин пред јавноста да ја претстави својата нова аквизиција, Алексис Санчез.
Алексис Санчез сега и официјално е промовиран како нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, а во изјавата за клупскиот сајт истакна дека е пресреќен што пристигнал во најголемиот клуб на светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Минав три и пол прекрасни години во Арсенал од кој носам убави сомени. Шансата да играм на овој историски стадион и да работам со Жозе Мурињо е нешто што не можев да го одбијам. Многу сум горд што сум првиот Чилеанец во историјата на Манчестер Јунајтед. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на навивачите поради кои клубот толку ме посакуваше“, истакна Санчез.
Потоа на Твитер профилот, тој беше претставен на фантастичен начин, односно како свири клавир и така ја најавува „симфонијата“ на „Олд Трафорд“.
Погледнете
The perfect #MondayMotivation! ?
@Alexis_Sanchez #Alexis7 pic.twitter.com/XV1u2VOHvr— Manchester United (@ManUtd) January 22, 2018
? Ladies and gentlemen, please take your seats. Introducing #Alexis7…#GGMU #MUFC @Alexis_Sanchez pic.twitter.com/t9RIIx4mE4
— Manchester United (@ManUtd) January 22, 2018