Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ е на големо искушение откако доби богата понуда од Кина, пренесуваат хрватските медиуми.
Далиќ со освојувањето на второто место на Светското првенство се етаблираше како одличен тренер, па многу клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Хрватот претходните месеци ги одби сите понуди, сега се наоѓа во големо искушение бидејќи еден кинески клуб му понуди неверојатен договор. Имено, Далиќ на маса има тригодишен договор според кој би заработувал 8 милиони евра по сезона, плус ќе добие бонус при потпишување на договорот.
Исто така Далиќ ќе има буџет да си донесе стручен штаб по свој избор, но и богати бонуси.
Иако тој неодамна изјави дека сака да остане селектор на Хрватска до 2020 година, сепак ова е понуда која не може да се одбие, а треба да донесе одлука до крајот на неделата.