Дома Трансфер зона Дали со овој потпис Фабрегас го најави трансферот во Милан?

Дали со овој потпис Фабрегас го најави трансферот во Милан?

fabregas

Во јануарскиот преоден рок се очекува тимот на Челзи да претрпи одредени промени.

Еден од оние фудбалери кои се наоѓа пред заминување е Сеск Фабрегас. Договорот на Шпанецот истекува на лето и зимскиот преоден рок ќе биде последна шанса за „сините“ да заработат на неговиот трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем интерес за Фабрегас покажа Милан кој е спремен да понуди четири милиони фунти за потписот на Шпанецот, додека од Челзи бараат двојно повеќе.

Сепак, во меѓувреме „падна“ потписот за кој многумина сметаат дека би можел да биде клучен во целата операција бидејќи Фабрегас потпиша договор на четири години со произведувачот на спортска опрема „Пума“.

Овој спортски бренд е спонзор и на Милан и италијанските медиуми тврдат дека „Пума“ е спремна да помогне овој трансфер да се реализира.
Договорот на Фабрегас со „Пума“ е потпишан на четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…