Агентот на Мохамед Салах, ги демантираше шпекулациите дека Египќанецот може да си замине од „Енфилд“ доколку Ливерпул не се квалификува во Лигата на шампиони.
Се погласни се шпекулациите дека Салах може да си замине од Ливерпул на лето, особено ако „црвените“ не изборат пласман во Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според шпанските медиуми, Салах бил подготвен да си замине бидејќи сака да игра во ЛШ, но Абас Иса го демантираше тоа.
„Глупости. За такво нешто не е разговарано, ниту размислувано. Прво и основно, да не се квалификуваме во Лигата на шампиони воопшто не ни е во планот“, напиша Абас Иса.
Nonsense. This was never discussed or thought about. Not qualifying to the Champions League hasn’t even crossed our minds. https://t.co/vamG8rOPvh
— Ramy Abbas Issa (@RamyCol) February 27, 2023