Дома Трансфер зона Дали Лаутаро со еден потег го откри новиот клуб!?

Дали Лаутаро со еден потег го откри новиот клуб!?

Аргентинската репрезентација во вторникот гостуваше во Боливија во оквирот на квалификациите за Светското првенство.

После мечот со Боловија, Меси заврши со репрезентативните обврски и веќе во среда се врати во Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ откри дека Меси пристигнал во Барселона околу 16 часот со приватен авион, а со него заедно бил и Лаутаро Мартинез, кој потоа со друг лет заминал за Милано.

Познато е дека Лаутаро ова лето беше главна желба на Барселона, но на крајот остана во Интер. Меѓутоа, шпекулациите се уште се силни, па весникот тврди дека Меси го убедува да дојде на „Камп Ноу“.

Агентот на аргентинскиот напаѓач не сакаше да ги коментира овие вести, со образложение дека Лаутаро е играч на Интер и тоа би било непочитување кон миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…