Дома Видео Да се наежиш: Навивачите на Франкфурт со песна ги поздравија играчите после поразот

Да се наежиш: Навивачите на Франкфурт со песна ги поздравија играчите после поразот

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт не успеаја да се пласираат во финалето на ЛЕ откако синоќа после пеналите беа поразени од Челси.

И двата натпревари завршија со резултат 1:1, а откако немаше погодоци во продолженијата, победникот на натпреварот и патникот во финалето го дознавме по изведувањето на пеналите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франкфурт имаше пенал предност, но потоа Кепа одбрани два пенала и беше најзаслужен што Челси се пласираше во финалето. Играчите на Франкфурт беа во очај после натпреварот бидејќи беа на чекор после 39 години да го однесат клубот во ново европско финале.

Германската екипа имаше неверојатна поддршка синоќа на Стемфорд Бриџ, а навивачите покажаа големо срце на крајот. Со песна ги поздравија своите играчи и покажаа зошто германските навивачи се едни од најдобрите на светот кога е во прашање навивањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…