Дома Фудбал Гризман: Суарез ми испрати порака, а со Меси се уште немаме комуникација

Гризман: Суарез ми испрати порака, а со Меси се уште немаме комуникација

Францускиот напаѓач Антоан Гризман потпиша за Барселона пред десетина дена.

Гризман во каталонскиот клуб дојде од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра и од него во Барселона имаат големи очекувања во наредната сезона. Французинот добро се вклопува во тимот бидејќи играчите на Барса го дочекале со раширени раце.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешната прес конференција пред пријателскиот натпревар во Јапонија, францускиот напаѓач изјави дека направил се за да дојде во Барселона.

„Направив се што можам да заминам од Атлетико и да дојдам овде. Сакам што поскоро да заиграм. Утре би требало да ги одиграм првите минути во дресот на Барса и едвај чекам да уживам на теренот со своите соиграчи. Среќен сум што сум тука. На првиот тренинг ми беше тешко бидејќи два пати ми ја протнаа топката низ нозе, но сега се прилагодив.“ – низ смеа изјави Гризман.

На припремите на Барса на почетокот на август ќе се приклучат Суарез и Меси кои добија продолжен одмор поради настапите на Копа Америка. Гризман призна дека се слушнал со Суарез, а со Меси се уште не.

„Луис Суарез веќе ми испрати порака за добредојде и со него кратко разговарав. Со Меси се уште немам комуницирано.“ – додаде Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…