Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, како што стојат работите ќе стане нов фудбалер на холандски ПСВ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Oткако кратката епизода во Хајдук од Сплит, Перишиќ како слободен агент разговараше со неколку клубови и на крајот се одлучил да се пресели во Холандија. ПСВ игра во Лигата на шампионите, па веројатно и тоа е еден од пресудните фактори да го избере овој клуб.
Перишиќ зад себе има богато искуство, пред Хајдук играше за Тотенхем, Интер, Баерн Минхен, Волфсбург, Борусија Дортмунд и на почетокот на кариерата во Сошо и Клуб Бриж.
Хрватскиот ветеран 35 години и јасно е дека во овој момент не можеше да се надева на подобра понуда и во залезот на кариерата ПСВ изгледа како сосема добра опција.