Еминентниот „Билд“ денеска објави бомбастична информација дека Килијан Мбапе ги договорил сите детали со Реал Мадрид и на лето како слободен играч на „Сантијаго Бернабеу“ ќе дојде како слободен играч.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Билд“, објави дека Реал на годишно ниво ќе издвои 50 милиони евра за Мбапе. Толку изнесува бруто платата, што значи дека нето заработката на фудбалерот ќе биде нешто повеќе од 25 милиони евра.




Трансферот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната, кога на Мбапе ќе му истече договорот со ПСЖ.




Мбапе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, откако одби да го продолжи договорот со ПСЖ.