Дома Трансфер зона Готово: Кавани потпишува за Валенсија!

Готово: Кавани потпишува за Валенсија!

Едисон Кавани кариерата ќе ја продолжи во Валенсија, потврдија шпанските медиуми.

Еминентниот новинар Фабрицио Романо потврди дека Уругваецот ќе потпише двегодишен договор со шпанскиот клуб и дека трансферот ќе биде комплетиран најдоцна до утре.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Кавани сакаше да остане во Европа, имаше понуда и од Виљареал, но Гатузо во Валенсија му гарантира место во стартниот тим.

35-годишниот напаѓач денес треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.

Најпрво се мислеше дека тој ќе ја продолжи кариерата во Јужна Америка и ќе потпише за Бока Јуниорс, но сепак се реши да остане во Европа и во наредните две сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…