Дома Фудбал Англија Готово: Ерик тен Хаг на кормилото на Манчестер Јунајтед

Готово: Ерик тен Хаг на кормилото на Манчестер Јунајтед

Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг ќе биде нов тренер на Манчестер Јунајтед по завршување на сезоната.

Според информациите 51-годишниот холандски тренер веќе постигнал комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и ќе стави потпис на договор со 2025 година.

Англиските медиуми денес открија дека Манчестер Јунајтед ќе треба да плати точно 4 милиони евра за Ајакс да може да го ослободи Холанѓанецот.

После неколку разговори кои ги имаше раководството со холандскиот стратег донесе одлука да му го довери кормилото на „Олд Трафорд“ и наскоро ќе ја официјализира соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Реал Мадрид оствари убедлива победа со 4:1 против Реал Сосиедад во натпревар од второто ко…