Дома Топ вести Готово: Арон Рамзи е играч на Јувентус!

Готово: Арон Рамзи е играч на Јувентус!

Арон Рамзи после 11 години ќе го напушти тимот на Арсенал, а сега веќе е позната и неговата следна дестинација.

Откако стана извесно дека Рамзи нема да го продолжи договорот и ќе замине на лето како слободен агент, многу европски гиганти се бореа за неговиот потпис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека сагата е завршена ка Рамзи кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Велшанецот постигнал комплетен договор со „старата дама“ и ставил потпис на преддоговор.

Велшанецот потпишал 5-годишен договор според кој во Торино ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси, а ќе пристигне на лето како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…