Веројатно малкумина се сеќаваат, а многумина сигурно и не го знаат Џанлука Курчи, голманот кој му беше резерва на Лорис Кариус во Бундеслигашот Мајнц.
Курчи во својата кариера го носеше и дресот на Рома, во перидот од 2015-2017 беше член на Мајнц каде што му беше резерва на трагичарот од финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариус направи две големи грешки, првата при голот за 1:0 на Бензема, а второата по ударот на Герет Бејл за 3:1.
Сега неговата поранешна резерва ги дочека своите „пет“ минути и се огласи во медиумите.
„Клубот така одлучи, да му бидам заменам. Причината беше да се зголеми неговата цена пред да биде продаден. Можам да кажам дека Кариус е голман кој има навистина многу среќа, но таа не секогаш може да помогне, тоа беше и случај во фианлето“, зборуваше Курчи.
Потоа ги прокоментира и примиените погодоци на Германецот.
„Јасно е дека не е подготвен да брани на највисоко ниво. Добро, третиот гол може да му се случи на секој, но првиот, таква глупост не би направил ниту мојот син кој има девет години“, заврши Курчи.