Дома Фудбал Големи пофалби за Рибери: Игра како 20 годишник, трча како зајак

Големи пофалби за Рибери: Игра како 20 годишник, трча како зајак

Искусното крило на Баерн Минхен, Франк Рибери прикажува одлични настапи оваа сезона која е последна за него во Баерн.

Рибери во петокот во натпреварот против Ајнтрахт, Рибери постигна два од трите погодоци на Баерн. Французинот на последните три натпревари четири пати се запиша во листата на стрелци.

Сега доби пофалби и од неговиот соиграч Томас Милер.

„Рибери игра како да има 22 години“, истакна Милер.

Дефанзивецот на Ајнтрахт Еван Н’Дик пак го направи уште помлад.

„Човек би можел да помисли дека има 20 години, трча како зајак“.

И покрај одличните настапи 35 годишникот по истекот на сезоната ќе го напушти Баерн, а наводно за неговите услуги интерес покажува Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…