Дома Трансфер зона Главниот оперативец на Барса викендот го поминал во Италија, познато и поради кого!

Главниот оперативец на Барса викендот го поминал во Италија, познато и поради кого!

Изгледа Барселона на големо се подготвува за преодниот рок во кој сигурно ќе се обиде да се засили на неколку позиции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Една од метите на Барселона многу веројатно ќе биде српскиот фудбалер од Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Каталонски „Спорт“ во своето денешно издание открива дека Ариедо Браида го следел Савиќ за викендот во натпреварот на Лацио против Парма.

„Спорт“ кој важи за медиум близок до Барселона, јавува дека Каталонците сериозно ја разгледуваат можност за ангажман на српскиот фудбалер.

Наводно, Браида само поради Савиќ допатувал во Италија на стадионот „Енио Тардини“ го следел натпреварот помеѓу Парма и Лацио кој римјаните го добија со 0:2.

https://www.youtube.com/watch?v=a4YScaF4xGc&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…