Дома Трансфер зона Гвардиола ќе се засилува од својата Барселона: Одличниот дефанзивец пред трансфер на „Етихад“?

Гвардиола ќе се засилува од својата Барселона: Одличниот дефанзивец пред трансфер на „Етихад“?

Пеп Гвардиола оваа сезона го води Сити до најдобрата форма во која оваа екипа некогаш играла.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми денеска објавуваат дека Гвардиола сака да се засили со стоперот на Барселона. За него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, па тој трансфер би бил многу болен за Мурињо. Како што тврди „The Sun“, Пеп Гвардиола сака од Барселона да го купи Самуел Умтити и тоа за 50 милиони фунти.

Навивачите брзо почнаа да коментираат дека тој потег на Гвардиола би го „пецнал“ Мурињо, откако Португалецот на клупата на Манчестер Јунајтед се жалеше дека Сити може да купи кого сака, без контрола, без фер плеј, додека Јунајтед не доведува засилувања.

Доколку Гвардиола успее да го реализира овој трансфер, тоа би било многу болно како за Мурињо, така и за навивачите на „Црвените ѓаволи“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…