Манчестер Сити ја дочека репрезентативната пауза во негативно расположение.
Поразот во осмото коло од страната на Волвс на „Етихад“ остави голем дефицит, „Граѓаните“ имаат минус од осум бода зад Ливерпул, а уште од сега се појавија шпекулации дека Пеп би можел да си замине и пред крајот на оваа сезона. Сепак, далеку сме од тоа, неодамнешните изјави на Пеп ни даваат уверување дека тој нема да го промени клубот, но Каталонецот откри и кој фудбалер го гледа како незаменлив, играч кој не би го продал ниту за половина милијарда евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фил не оди никаде, Фил е Сити. Нема да доведеме никого на неговата позиција, не му дадовме нов договор на Фоден случајно. Тој е единствениот играч кој не смее да биде продаден по било кои околности. Ниту за 500 милиони евра“, изјави Гвардиола за книгата „Сити од Пеп: Правење Супертим“.
19-годишниот не играше многу оваа сезона, забележи само десет минути во Премиер лигата, додека во Лигата на Шампионите постигна и гол. Останува да се види дали во блиска иднина, Фоден ќе добие таква класа каква што Пеп гледа во него.