Дома Фудбал Англија Гвардиола се налути поради Евровизија: Навистина не го разбирам ова!

Гвардиола се налути поради Евровизија: Навистина не го разбирам ова!

Поради саботното финале на Евровизија, која се одржува во Англија, на ФА од полицијата и било наредено тој ден да не организира натпревари во овој град.

Поради то Манчестер Сити во недела од 15 часот ќе го игра натпреварот од 35-то коло на Премиер  лигата на гостувањето кај Евертон. 


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тоа го налути Гвардиола, бидејќи неговиот тим во среда го игра реваншот против Реал Мадрид, па ќе има ден помалку за одмор.

„Играме во недела, многу ви благодарам. Навистина не го разбирам тоа, но немам намера повеќе да се борам. Верувам дека Премиер лигата сака да им помогне, а не да се откаже од своите клубови во борбата во европските натпреварувања. Се сомневам дека сакаат да ни отежнат. Не е проблем тоа, проблемот е распоредот и огромниот број натпревари кои се играат“, изјави Гвардиола.

„Не можевме да играме во сабота затоа што има, што, Евровизија? Немаме доволно полиција за да ги обезбедиме двата настани и така е. Мораме да се прилагодиме на тоа. Размислувам само за Евертон затоа што сум сигурен дека Арсенал ќе победи на сите натпревари до крајот. Работевме за ова 11 месеци, не можеме да размислуваме само за Реал“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…