Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако после победата во првиот меч синоќа одигра реми против Атлетико Мадрид.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гвардиола не ја криеше радоста за пласманот во полуфиналето, но истакна дека тоа може скапо да ги чини „граѓаните“ со оглед на густиот распоред и многуте повреди.




„Се соочуваме со големи проблеми. Не смееме да заборавиме дека игравме пред три дена, патувавме, стигнавме тука и имаме многу повредени играчи чиј број ќе се зголеми по овој натпревар. Не знам што ќе се случи во следните неколку недели, но денеска славиме бидејќи Сити трет пат во својата историја е во полуфиналето од Лигата на Шампионите“, изјави Гвардиола.